Спортско радио Канал 4 - електронски медиум кој зрачи на локална радио фрекфенцијата на 107,4 фм во Скопје. Основната дејност на едно спортско радио е да ги емитува информациите од областа на спортот, и тоа во секоја смисла на зборот. На овој начин го поткрепуваме вистинското значење на спортот во целина, кај нас и во целиот свет, со што придонесуваме за издигнување на спортскиот дух, особено кај младите луѓе.

Спортско радио Канал 4, официјално, своето прво појавување во македонскиот етер го имаше на 21 јуни во 1991 година. Тогаш се појави како прв приватен медиум во Македонија кој својата работа ја започна на база на информативно радио. Во првите пет години од своето постоење, Канал 4 на скопјани им нудеше чисто информативна програма, со повеќе емисии од забавен карактер.

По 1996 година чувствувајќи ја потребата од еден специјализиран медиум кој ќе ги третира исклучиво спортските настани, Канал 4 ја смени својата програмска шема насочувајќи ја кон потребите на оние кои го сакаат спортот. Почнавме со експериментална програма која траеше повеќе месеци, додека не се најде вистинскиот пат до покривање на желбите на сите скопјени. Од 1997 година Канал 4 со веќе изградена шема во програмата понуди повеќе содржини кои полека ги создаваа контурите на она што како Спортско радио Канал 4 е денеска.

Во последните неколку години, особено по актуелизирањето на спортското обложување, Канал 4 го презема приматот на најслушано радио во Скопје со една специфична програмска шема која во текот на целата недела им нуди на слушателите избор на повеќе содржини за да се задоволат сите вкусови.

Радиото и во иднина ќе има тенденција на задржување на постоечкиот слушателски аудиториум, со можност својата дејност да ја прошири и на територијата на цела држава. Програмата на Спортско радио Канал 4 во Скопје може да се следи на 107,4 MHz на ФМ скалата.

Скопје 1000, улица Даме Груев 10
телефон: (+389) 02/ 3230 211
факс: (+389) 02/ 3135 540
e-mail: urednik@kanal4.com.mk, studio@kanal4.com.mk, kanal4@kanal4.com.mk
web-site: www.kanal4.com.mk
 
Интернет емитување
Врска Формат на интернет емитувањето
Слушај во живо AAC+
 
УКБ емитување
УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Скопје 107.40 Средно Водно,