Лајф радио ја емитува својата програма во Скопје и во неговата околина, на брановите 89.1 MHz од февруари 2002 година. Програмата на радиото се реализира истовремено, како на македонски, така и на албански јазик, што претставува единствен пример на интерактивно двојазично радио во Европа.

Што се однесува, пак, до музиката, Лајф радио е единственото радио во земјава што го третира исклучиво рок-ен-ролот и сите негови деривати. Радиото досега има организирано, коорганизирано и спонзорирано повеќе рок-концерти, фестивали и манифестации, меѓу кои и музичкиот караван За подобро утре, во рамките на кој познатите рок-групи Суперхикс и Бла-бла-бла... настапија на 14 концерти ширум земјава. Радиото планира да продолжи не само со организирање на концертни манифестации, туку и со отворање на музичка продукција и со издавање на албуми на талентирани рок-состави од земјава и од Балканот, пошироко.

Скопје 1000, улица Мајка Тереза (13ти Јули) 1/4
телефон: (+389) 02/ 3246 891, 3246 892
факс: (+389) 02/ 3246 893
Пратете SMS порака на следните телефонски броеви: (+389) 070/ 145255, 075/ 145255 (5 ден. + ДДВ)
e-mail: life@mol.com.mk
web-site: www.life.com.mk
 
Интернет емитување
Врска Формат на интернет емитувањето
Слушај во живо AAC+
 
УКБ емитување
УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Скопје   89.10 Средно Водно,