Постоиме официјално од 19-ти август 2010 година. Ready steady go! Од тој датум па натаму, работиме со полна пареа, со ентузијазам и полни батерии енергија. Екипа која го пронајде својот пат до штипската радио публика, екипа која секојдневно со голем жар работи на секоја емисија, на секоја реклама, секоја минута и секунда посветена на Вас, драги слушатели.

Со музика преку говор се дружиме секјдневно со најверните слушатели се трудиме на забавен, културен и пријатен начин да Ви ги пренесеме секојдневните културно - забавни случувања низ градот, со гости од различни профили и професии, често сме на местото на забава, со пренос во живо. Знаеме да ве насмееме, забавуваме, дружиме, а за сето тоа ни враќате со вклучување на радио приемникот на познатата бранова должина и го слушате најдоброто радио во градот.

Го слушате гласот на Симона, Ненад, Јулијана, Гоце, Влатко, а често го слушате и името Панчо ( повеќето пати “виновникот” за изборот на музика), среќни што сме дел од вашето секојдневие. Angels FM – квалитетен звук за луѓе со стил кој плови низ радио-брановите на фреквенција 106.4 MHz. Така, пловејќи, нашиот звук испловува се до вашите сетила за слух. За да ве разнежни, расположи, забавува... Звук произведен за да можете секогаш да бидете во чекор со модерното време.

Ако сакате да слушате квалитетна музика, квалитетни вокали и квалитетни информации – вклучете се на нашата фреквенција и уживајте максимално! Ангелски слушатели - закачете ги крилјата кои ние ви ги делиме и... Летајте заедно со нас!

Штип 2000, улица Ванчо Прке 88
телефон: (+389) 032/ 607 500, 607 600
e-mail: marketing@angelsfm.com.mk
web-site: www.angelsfm.com.mk
 
Интернет емитување
Врска Формат на интернет емитувањето
Слушај во живо WMA
 
УКБ емитување
УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Штип 106.40 Каракуш,