Ирис е телевизија од колажен тип, со временски рамномерно избалансирани содржини од сите жанрови. За прв пат почна да емитува програма во 1994 година и од тогаш е составен дел на македонскиот етер. Во состав на телевизијата работи и продукција, каде се произведува околу 60% од програмата која се емитува. Преостанатите временски појаси се покриени со реемитувана документарна, играна, сериска и забавно-рекреативна програма, со потекло од Македонија и ЕУ.

Ирис телевизија има комплетна предавателна опрема за вршење на директни преноси, а во одредени случаи има можност и за симултан директен пренос од повеќе локации. Сервисната зона на Ирис телевизија е со површина од околу 2.000м2, со приближно 150.000 потенцијални гледачи.

Ирис телевизија нуди комплетни маркетинг решенија. Изработува видео, 2D и 3D анимирани спотови, обработени низ дигитална постпродукција и прилагодени за гледачите од вашата целна група. Посетете ја нашата маркетинг веб страничка, за да дознаете повеќе за специјалната понуда за емитување на вашите промо спотови на локално, а со помош на нашите пријатели и на регионално и национално ниво.

Следете ја програмата на Ирис телевизија, аналогно на Ch.38 - 607.25 MHz UHF и аналогно кабелски на 189.2 MHz UHF, дигитално на Телекабел, на Cabletel, во основниот пакет на T-Home, како и на нашиот live-stream на интернет.

Штип 2000, улица Јосиф Ковачев 8
телефон: (+389) 032/ 612 313
факс: (+389) 032/ 612 312
e-mail: info@iris.com.mk
web-site: www.iris.mk
 
ТВ емитување
ТВ емитување - град Канал Предавател, моќност, (детали)
Штип  38 Каракуш