Нашето и ваше дружење почна отприлика пред околу 5 години. Почнавме на време со голем ентузијазам и докажавме дека сме во право затоа што прераснавме во најслушана фреквенција на овие простори после само една година постоење и убедливо го држиме првото место веќе 4 години. Се трудиме да ги задоволиме сите вкусови и имаме слушатели од секоја возраст. Програмата на Хит радио содржи се што слушателите на еден или на друг начин низ годините ни побарале што сакаат да слушаат, и затоа секогаш се трудиме и сме актуелни и свежи. Имаме емисии од информативен но и забавен карактер, а секогаш се става најголем акцент на музиката. Во раните утрински часови од 05:00ч до 08:00ч може да се слушне староградска и новокомпонирана македонска народна музика, и дел од најновите гранд Хитови а секој работен ден од 08:00ч до 12:00ч во претпладневните часови во терминот на утринската емисија можете да слушнете евергрини од ју- мак и странската музичка сцена, а во текот на денот популарна ју, македонска и странска музика се со цел да се задоволат сите вкусови. Мораме да ја потенцираме важноста на контактот со слушателите и затоа имаме и контактни емисии како што е емисијата СМС корзо секој ден после 22 часот за да може секој слушател кој побарал песна преку СМС во текот на денот да си ја чуе својата омилена песна.Секако водиме сметка и за празниците и прославите кога на фреквенцијата на Хит радио 88.1 можете да слушнете специјален асортиман на песни за добро расположение. Од срце ветуваме дека и понатаму ќе продолжиме со исто ако не и со засилено темпо, па секогаш сме отворени и за сугестии.

Од височините на Струмица директно до Вашите срца! Секогаш тука за Вас Хит радио!

Струмица 2400, Милениумски крст, улица Ристо Курчиев 14/4
телефон: (+389) 034/ 345 354, 340 908 мобилни: (+389) 070/ 374 806, 078/ 374 806
e-mail: hit_radio_strumica@hotmail.com, hit_radio_strumica@yahoo.com, contact@hitradio.com.mk
web-site: www.hitradio.com.mk
 
Интернет емитување
Врска Формат на интернет емитувањето
Слушај во живо AAC+
 
УКБ емитување
УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Струмица   88.10 Цареви Кули - Споменик