CD Radio својот прв радио сигнал во велешкиот етер го пушти на 12 април 1996 година. Во првите две недели се емитуваше експериментална програма во која беше тестиран радио сигналот во стерео техника и подобрување на приемот на истиот во градот и неговата околина. Во текот на првата година од своето работење CD Radio ја оформуваше својата музичка и говорна програма од која произлезе и концепцијата на CD Radio како музичко-информативно радио. Во годините кои следат CD Radio константно работеше на подобрување и збогатување на програмската шема со нови говорни содржини, вести и музички емисии, за да денес прерасне во модерно музичко информативно приватно радиодифузно друштво со препознатлив радио израз, квалитетен музички избор и одлична маркетиншка понуда за сите свои слушатели и соработници.

CD Radio дневно емитува 24 часовна сопствена радио програма која ја продуцира и реализира тим од музички уредници, програмски реализатори и надворешни соработници. За емитување на квалитетен стерео сигнал и беспрекорен прием на програмата, CD Radio ја користи следнава предавателна и аудио опрема: Link Transmiter Eletronika, AEV Mirage FM audio processor, RDS AEV 4500, dbx microphone processor, 2 professional AKG microphones, AEV broadcast stereo mixer, 4 desktop PC Pentium 4, 3 CD players, 2 MDS Sony, 1 Net MD Walkman recorder.

Велес 1400, Мицко Козар 45
телефон/факс: (+389) 043/ 229 580
e-mail: cdradio@cdradio.com.mk
web-site: www.cdradio.com.mk
 
Интернет емитување
Врска Формат на интернет емитувањето
Слушај во живо AAC+
 
УКБ емитување
УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Велес   96.70 Трпезица