



Телевизија "БТР Национал" е локална приватна телевизиска станица кој емитува за град Скопје. "БТР Национал" е една од првите телевизии во светот што 24 часа дневно емитуваат програма на ромски јазик. BTR - Biathinalo ternengoro radio на ромски значи Независно младинско радио. Зборот „радио“ не е грешка - во почетокот БТР беше радиостаница и се наоѓаше во просториите на киното 26 Јули во скопската населба Шуто Оризари. „Во бизнисот со радиото влегов со пет илјади марки!“ - без комплекс раскажува младиот Зоран Димов - сопственик на телевизијата. „За кусо време радиото стекна таква популарност во Шутка, што само од порачки за песни месечно сум заработувал по 30 илјади марки. Тие денови, во 1993-та, Ромите не спиеја - само слушаа БТР и се веселеа!“
Со телевизијата Димов стартуваше пред пет години, на 5 декември 1994 година. Телевизијата е сместена во куќата на Есма Теодосиевска, на скопското Кале, каде што се наоѓа и Музејот на Ромите, како и урната со пепелта на нејзиниот починат сопруг Стево. ТВ БТР Национал емитува програма од различен карактер: информативна, забавно-рекреативна, спортска, но сепак доминира музичката. Тоа се оние прочуени поздрави и честитки со коишто Ромите и другите гледачи меѓу себе си честитаат за разни пригоди (роденден, сунет, заминување во БТР и сл.). Сепак, Зоран Димов потенцира дека, за разлика од „ривалската“ Шутел телевизија, тие многу повеќе внимание обрнуваат на посериозни содржини, како што се, на пример, вестите.
Скопје 1000, ул. Самоилова 112
тел. +389 2 3112 240, 3110 356
факс +389 2 3216 000
e-mail: btr@osi.net.mk
web-site: www.tvbtr.com.mk


Емитување | ||
ТВ емитување - град | Канал | Предавател, моќност, (детали) |
Скопје | 474 (21) |
Средно Водно |