
ТВ Канал 8 од Кочани е приватна телевизија чиј сопственик и директор е Благој Ситновски. Телевизијата дозволата за вршење на радиодифузната дејност ја доби од Советот за Радиодифузија на Република Северна Македонија на 26.11.2008 година. Официјално со работа ТВ Канал 8 започна на 18.02.2009 година, на подрачје на Кочанскиот регион. Програмата ја емитуваме на 46 канал во UHF опсег, 24 часа дневно 365 дена во годината. Телевизискиот програмски сервис е на македонски јазик, со претежно забавен општ формат.
Со нашиот предавател со сигнал покриваме територија на четири општини: Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново – Облешево, а нашата програма се гледа и преку кабелските оператори во овие општини. Информативниот дел ТВ Канал 8 го остварува преку непосредно и посредно следење на значајните настани, во сите сфери на животот. Информативната програма се реализира преку редовната информативна емисија Вести, наменски репортажи и извештаи и полемички емисии и интервјуа. Свесни за своето влијание ТВ Канал 8 игра важна улога во подигањето на едукативното ниво, развивање на вредносните критеиуми и зачувување на духовниот потенцијал. Освен ова, со различни уметничко – забавни и спортско – рекреативни содржини се трудиме да ги разонодиме и релаксираме своите гледачи.
Кочани 2300, ул. Димитар Влахов 3
тел. +389 033/ 550 888
e-mail: info@kanal8.mk
web-site: www.kanal8.mk

ТВ емитување | ||
ТВ емитување - град | Канал | Предавател, моќност, (детали) |
Кочани | 674 (46) |
Фабрика за вода |