„Експрес Радио“ е сместено во самиот центар на градот спроти зградата на Општина Струмица. Линковски сме поврзани со предавателниот столб лоциран над Ловен дом. Зрачиме со фрекфенција од 101,1 мегахерци фм стерео и поради добрата поставеност на антенскиот столб Експрес Радио ги покрива и општините Василево, Босилово и Ново Село, како и пограничните места во соседна Бугарија. Со тоа бројката на наши потенцијални слушатели изнесува околу 100.000. „Експрес Радио“ за првпат сигнал во етерот пушти во 1993 година и оттогаш непрекинато работи. На самиот почеток „Експрес Радио“ зрачеше на фрекфенцијата 102,5 мегахерци фм стерео. По донесувањето на Законот за радиодифузна дејност во 1998 година Експрес радио согласно со Законот ја промени фрекфенцијата која оттогаш е 101,1 мегахерци фм стерео. Со оваа фрекфенција Експрес радио стана препознатлива во етерот. Во целиот овој период Експрес радио опстојува од рекламирање на своите деловни партнери и пријатели кои за среќа на Експрес радио се многубројни. Со измените на Законот за радиодифузна дејност Експрес радио во јуни 2007 година доби дозвола за работа и според оваа дозвола радиото е со формат програмски сервис музичко говорно радио од општ формат.

    Екипата на „Експрес Радио“ е професионална и секогаш водечка цел на вработените во Експрес радио е дека слушателот и деловниот партнер секогаш се во право и секогаш се исполнуваат нивните барања. За музиката што се емитува на нашата програма се внимава таа да биде квалитетна. На Експрес радио се емитуваат хитови од забавна македонска и од екс југословенските простори.

    Од технички аспект „Експрес Радио“ ги следи најновите трендови и се труди новите технологии да ги примени. Покрај студиото за емитување на програма Експрес радио има и судио за снимање на реклами и џинглови како и нивна монтажа. Излезниот сигнал е според светските стандарди и е преку компресор кој служи за вадење и добивање на перфектен звук.

    Врз основа на разновидноста на музиката и програмата што се емитува нашата таргет група е различна во однос на старосната структура и таа се движи од 15 до 50 години. Во однос на рекламите што се емитуваат на нашата програма, тие се со фиксен точно утврден термин според медија план, што значи дека секој од нашите деловни партнери знае кога им се емитува рекламата. Токму поради фер играта постојано Експрес радио има над стотина деловни партнери како огласувачи. Не само партнери од Струмица, туку и од целата држава, а тука е и соработката со голем број маркетинг агенции.

    Досега Експрес радио има соработувано со голем број на организации. На конкурсите од Советот за радиодифузија досега има изработено голем број на емисии. „Експрес Радио“ е членка и на Македонскиот институт за медиуми, преку кои вработените во Експрес радио имаат можност за присуство на голем број на семинари.


  Реп. Сев. Македонија 2400 Струмица, ул. „Ленинова“ 1
  тел. +389 34 345131
  факс: +389 34 345134
  мобилни: +389 70 214070, 71 214070, 71 341077
  e-mail: ekspresradio93@yahoo.com, ekspresr@yahoo.com, ekspresr@freemail.com.mk
  web-site: www.ekspresradio.com.mk , Експрес Pадио во Фејсбук

Интернет емитување
Врска Формат на интернет емитувањето
Слушај во живо MP3 128 kbps
 
Радио емитување
УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Струмица 101.10 Баир