„Хит Радио“ - Струмица започна со работа во 2010 година. Се трудиме да ги задоволиме сите вкусови и имаме слушатели од секоја возраст. Програмата на Хит радио содржи се што слушателите на еден или на друг начин низ годините ни побарале што сакаат да слушаат, и затоа секогаш се трудиме и сме актуелни и свежи. Имаме емисии од информативен но и забавен карактер, а секогаш се става најголем акцент на музиката. Во раните утрински часови од 05:00ч до 8 ч може да се слушне староградска и новокомпонирана македонска народна музика, и дел од најновите гранд Хитови а секој работен ден од 8 до 12 ч во претпладневните часови во терминот на утринската емисија можете да слушнете евергрини од ју- мак- и странската музичка сцена, а во текот на денот популарна ју, македонска и странска музика се со цел да се задоволат сите вкусови. Мораме да ја потенцираме важноста на контактот со слушателите и затоа имаме и контактни емисии како што е емисијата СМС корзо секој ден после 22 часот за да може секој слушател кој побарал песна преку СМС во текот на денот да си ја чуе својата омилена песна.Секако водиме сметка и за празниците и прославите кога на фреквенцијата на Хит радио 88.1 можете да слушнете специјален асортиман на песни за добро расположение. Од срце ветуваме дека и понатаму ќе продолжиме со исто ако не и со засилено темпо, па секогаш сме отворени и за сугестии.

    Од височините на Струмица директно до Вашите срца! Секогаш тука за Вас „Хит Радио“!


  Реп. Сев. Македонија 2400 Струмица, ул. „Ристо Ќурчиев“ 14/4, Милениумски крст
  тел. +389 70 374806, +389 78 374806
  e-mail:hit_radio_strumica@yahoo.com
  web-site: Хит Радио во Фејсбук

Радио емитување
УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Струмица   88.1 Цареви кули - Споменик