На 19 Јуни 2019 г. од Струмица започна со работа „Радио Марија - Македонија“ на Католичката црква. Радио Марија емитува 24-часовна програма на FM 106,5 MHz, од студиото кое се наоѓа во административната зграда на Католичката црква „Св. Иван Крстител“ во Струмица. На програмата може да се слушнат молитви за секакви намени, вести, отворено-контактни емисии, а музиката е исклучиво македонска, фолк и забавна. Главна цел на оваа радио е: Божјото слово во секоја куќа. На овој начин навестувањето на спасението доаѓа и до болните и немоќните и до оние кои Бога го познаваат, но и до оние кои Бога искрено го бараат. Нашата програма е исклучиво верска и исклучиво се потпира на вас, драги слушатели. Програмата на Радио Марија е концепирана на три дела. Едниот дел е молитва, и во неа ние молиме за најразлични потреби на нашите слушатели. Еве како пример, се молевме за лицата кои се болни, за полуматурантите, матурантите, за возачите и така натаму. Значи секој ден имаме една посебна група на наши слушатели во нашите молитви и сметаме дека е многу важно за луѓето да се молиме. Втор дел од концептот на Радио Марија е навестување на словото Божјо во кое ќе говориме за конкретни работи од црквата, од евангелието, од светите тајни, актуелни етички, морални предизвици во нашето општество и третиот дел е од секојдневните работи коишто не погодуваат сите нас.


  Реп. Сев. Македонија 2400 Струмица, ул. „Климент Орхидски“ 236
тел. +389 76 519272
e-mail: radiomarijablagovest@gmail.com
web-site: www.radiomarija.mk , Радио Марија во Фејсбук

Интернет емитување
Врска Формат на интернет емитувањето
Слушај во живо MP3 128 kbps
 
Радио емитување
УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Струмица 106.50 Цареви кули