
Радио Кавадарци постои од 12 април 1958 година, а од 2008 година е трансформирано во приватно трговско радиодифузно друштво. Горди сме што како едно од тогашните 29 здружени радиостаници во Република Македонија не ја делеше истата судбина со останатите, кои за жал не успееја да се трансформираат, а со тоа и да продолжат со работа, туку напротив е едно од трите кое не само што опстана, туку од времето на неговото приватизирање па досега, благодарејќи на упорноста и пожртвуваноста на вработените и раководниот тим од една страна и лојалноста и посветеноста на слушателите од друга страна, го достигнува врвот на својата слушаност како локално радио. Ова од причина што според анкетите нарачани од Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги на Република Македонија, Радио Кавадарци е убедливо најслушано радио од сите локалните радиостаници во Македонија, а ги руши рекордите на слушаност и на интернет насекаде низ светот, додека во 2014 година на манифестацијата „Златни мелос“ во Србија освои музичко признание за најдобро музичко радио во Македонија.
Реп. Сев. Македонија 1430 Кавадарци, ул. „7-ми Септември“ 1
тел. +389 43 550661
e-mail: radiokavadarci@yahoo.com
web-site: www.radiokavadarci.mk


Интернет емитување | ||
Врска | Формат на интернет емитувањето | |
Слушај во живо ![]() |
![]() |
|
Радио емитување | ||
УКВ емитување - град | Фреквенција - MHz | Предавател, моќност, RDS, (детали) |
Кавадарци | 98.5 | Голем Љубаш |