Радиодуфузен објект Црн Врв
Радиодуфузниот објект Црн Врв се наоѓа помегу градовите Велес и Скопје во Градиштанската планина.
На 28 декември 1963 година е инсталиран првиот УКБ предавател на пунктот Црн Врв и преку негу се емитуваше првата програма на Радио Скопје. На 8 април 1964 година е даден во употреба и телевизиски предавател од 5 киловати со што се создаваат услови скопското телевизиско студио да може во етерот да емитува своја програма. На 14 декември 1964 година од предавателот на Црн Врв скопското телевизиско студио започнува редовното емитување сопствена програма. Во 1968 година е набавен нов УКБ-радио предавател на фирмата „Нера″ - Норвешка со сила од 1 kW. Во 1972 година се набавени ТВ предаватели 40 kW, а на 13 ноември 1975 година е пуштен 10 kW ТВ предавател за емитување на телевизија во боја. Во почетокот на 1979 година е склучен договор за набавка на нови 2х10 kW УКБ предаватели за базичните пунктови. Предавателите на пунктот Црн Врв се монтирани и пуштени во редовна работа на 28.12.1979 година. Во март 1988 година е инсталиран нов 10 kW ТВ/ВХФ предавател на Црн Врв.
Географски координати: 21°44'20"E / 41°51'30"N, надморска височина (кота терен): 770 м.

Фото: Nikolce.
Репетитор Башино село
Географски координати: 21°47'30"E / 41°42'50"N, надморска височина (кота терен): 279 м.
Репетитор Превалец
Географски координати: 21°45'26"E / 41°41'36"N, надморска височина (кота терен): 271 м.
Историја на радиостаниците и телевизиите во Велес
Радио Велес


Општинската радиостаница „Радио Велес” емитува од 1 мај 1959 г. до 2007 г.
Фреквенции: 88.2, 91.0, 92.3, 101.1 МХц УКБ (250 W) и 720 КХц СБ (1 kW).
CBM Radio
Фреквенции: 96.20 МХц УКБ
Информација и врски
Велес е град во центаралниот дел на Република Северна Македонија, на двата брега на реката Вардар. Градот има население од околу 43 илјади жители и административен центар на општина Велес.
Врски: Општина Велес


