Радио 106 е радио станица која поседува концесија од Советот за радиодифузија на Македонија и редовно го подмирува долгот кон СРДМ. Својата програма ја емитува на 106,6 мегахерци на FM подрачјето.

Примарна цел е презентирање на најновата музика од двата најголеми музички пазари во светот, британскиот и американскиот музички пазар. Секогаш со најновите вести од музичката сцена и секогаш презентирајќи ги новите песни пред било која друга радио станица. Покрај најновите хитови се презентираат во помала мера и хитови од осумдесетите и девеесетите години, како и стари ретки класик хитови од популарната музика.

106-ка е една од најслушаните радиостаници во Битола со програма направена според европските стандарди за хит радио станица. Музиката е застапена во следните музички стилови: поп, рок, ритам и блуз, хип хоп, денс и хаус.

Битола 7000, ул. Крушевска 6-Г
тел. +389 47 228 106
факс: +389 47 203 605
e-mail: 106@mol.com.mk
web-site: www.106.com.mk

Радио емитување
УКВ емитување - град Фреквенција - MHz Предавател, моќност, RDS, (детали)
Битола 106.6 Битола
 


Аудио сигнали на Радио 106