
Телевизија "Орбис" - Битола е меѓу првите вакви медиуми кои започнаа да делуваат во Македонија, со сите перформанси што ги бара Законот за радиодифузна дејност и другата норматива. Под името Радиотелевизија "Орбис", за прв пат започна да емитува програма на 25.12.1990 година. Во меѓувреме, до донесувањето на Законот за радиодифузна дејност, во овој медиум беа направени повеќе организационо -технички и кадровски промени, со цел да се оспособи организацијата за целосно извршување на задачите што треба да ги исполнува една телевизиска куќа. Стануваше збор за определени стандарди и потреби што се бараа со законските одредби, но и на барањето на своите многубројни гледачи. При тоа, голем дел од тие зафати се однесуваа на збогатување на програмските содржини, оспособување на новинарскиот и техничкиот персонал, решавање на просторните услови, набавка на пософистицирана опрема и слично.
Во програмскиот дел, посебно внимание му е посветено на доследната примена на препораките на соодветните тела на Советот на Европа и Европската унија, како и информативните професионални асоцијации од земјата и странство кои работат на прашањата за подобрување на информирањето и на овие наши македонски простори.
Сите овие зафати се правени, или моментално се прават, во објективно доста тешки политичко - безбедносни услови кои продуцираат и материјални проблеми што бараат, поради природата на информативната дејност, брзо решавање. Со максимално ангажирање на вработените и менаџерскиот тим што ја води ТВ "Орбис", главно, се совладуваат појавените пречки. Со максимално ангажирање на високообразовниот и стручно оспособениот кадар, заедно со техничкиот персонал, како и нивниот професионален однос кон јавно изречениот збор и презентираната телевизиска слика, денес, Телевизија "Орбис" има свој голем аудиториум кој ја гледа нејзината програма. Така од декември 2005 година, ТВ Орбис започна да емитува И сателитска програма. При тоа, низ разни форми на комуникација со гледачите, критички се согледуваат успешните зафати, дневните емисии, подолгорочните телевизиски проекти и севкупната програма, но и се укажува на пропустите со намера нив се помалку да ги има.
Така се развиваше за денес да израсне оваа битолска телевизиска куќа во значаен информативен фактор, не само во Битола, Прилеп, Ресен со земниот предавател туку и Сателитски во целиот свет. Низ разните форми на меѓусебна соработка и заедничките проекти, дневни и подолгорочни емисии, ТВ "Орбис" соработува со над 30 "локални" и "национални" телевизии во земјата. Според тоа, секоја значајна информација до која доаѓа дневно во оваа ТВ куќа, на најбрз начин се испраќа и во сите овие телевизии. Современите технички и електронски можности придонесоа да се брише границата меѓу локалниот и националниот простор во етерот.
Содржините од дневно - информативната и контактната програма, главно, се емитуваат од студиото на Телевизијата, со исклучок на некои специфични емисии, како и еден поголем број од оние програмски делови кои се реализираат низ директен контакт со одредените гледачи или гости. Овде се обработуваат теми од сите области на животот на луѓето во градот, Република Северна Македонија и пошироко.
Оваа редакција, во рамките на емисијата ТВ "Објектив" ги снима и ги дистрибуира материјалите до другите телевизии во земјата, разговорите со најкомпетентните личности во потесната и пошироката општествена заедница. Само за илустрација, во изминативе 3-4 години, гости на оваа емисија биле претседателите на републиката г-н. Киро Глигоров, г-н. Борис Трајковски, Бранко Црвенковски претседателите на Владата на Република Северна Македонија, претседателите на политичките партии, пратеници, научници, уметници, некои од нив и по неколку пати по разни поводи.
Дневникот, односно дневните вести се емитуваат во 12:00, 15:00, 16:00, 17:00, 18:30 и 21:00 ч. Во основа, дневните вести се поделени на три дела: локални, републички и вести од светот, а како посебен дел се спортските вести и временската состојба.
Според анализата за обемот (времетрањето) и структурата на информативните емисии (вести, извешатаи, разговори, коментари, интервјуа, репортажи, анкети и др.) на Телевизија "Орбис" во просек во изминатите години ја направи посебна стручна екипа, од десетте најприсутни области во содржините на дневната програма, бројките ги покажуваат следните односи: вести од домашниот политички живот, во земјата и општината Битола 18,31%; стопанство 17,39%; меѓународни односи 11,06%, култура и образование 6,21%; судство 2,04%; спорт 2,11%; време 1,27% и други содржини 24,87%. Просечната должина на дневните вести (Дневникот) поединечно изнесува 38,22 минути. Кај контактната програма, најголем дел од темите се од секојдневието на гледачите што предизвикуваат интерес за нивно непосредно учество во форма на прашање, разговор, анкета и слично.
За остварување на вака амбициозната програма на оваа телевизија покрај новинарите, секако големо ангажирање имаат и другите вработени. Треба да се каже и тоа дека во ТВ "ОРБИС" работи високостручна млада и амбициозна екипа на новинари, спикери, инжинери, техничари и други лица. Покрај нив, свој придонес за ваковиот развој даваат и повеќето надворешни соработници, професори на високообразовните институции од Битола и пошироко, научни работници, високостручни технички образовани кадри, уметници и др. Од посебно значење за програмата на куќата е непосредната соработка со Битолскиот универзитет, како и со другите научни информативни и останати институции.
Овде некаде ќе го завршиме кажувањето за битолската Телевизија "Орбис", со мислата дека една деценија непрекината дејност, од кои неколку години во рамките на правно организираниот информативен простор во етерот на македонското небо можеби не се доволни да се направи заокружена целина за работата на една информативна куќа, но се видливи за идниот нејзин позитивен развој.
Битола 7000, ул. Риечка 7-А
тел. +389 047/ 203 305, 225 790
факс: (+389) 047/ 203 573
e-mail: orbis@t-home.mk
web-site: www.orbis.com.mk

ТВ емитување | ||
ТВ емитување - град | Канал | Предавател, моќност, (детали) |
Битола | 618 (39) |
Копанки |
Тепавци | 690 (48) |
Тепавци |
Сателитско емитување | Фреквенција - GHz | Детали |
PAS 8, 166° исток | 12.726 | Symbol rate: 2.8066 Mbps, FEC:3/4, Слободно емитување за Австралија |
IntelSat 902, 62° исток | 11.10595 | Symbol rate: 5.430 Mbps, FEC:3/4, Слободно емитување за Европа |