Сателитски канал Македонската Телевизија - MKTV Sat



На 30 април 2000-та, токму на ден Велигден, со огромна симболика во чинот, започна емитувањето на Сателитскиот канал на МТВ. MKTV Sat емитува непрекинато 24-часовна програма за Европа, Медитеранските земји, Северна Африка, Источна Азија и за Австаралија, што претставува избор од програмите на МРТ, како и оригинална програма во траење од 0,5 часа. MKTV Sat е етнички канал наменет за сите македонци кои живеат надвор од матичната земја, но, воедно, тој претставува и наше најрепрезентативно комуникациско средство кое е достапно до најразновидна милионска публика во светот.


Северна Македонија 1000 Скопје, бул. „Гоце Делчев“ б.б.
тел. +389 2 5119 899 (централа), +389 02 5119 940 (Сателитски сервис)
web-site: www.mrt.com.mk

Сателитско емитување